Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за помилување на 52 осуденички на Меѓународниот ден на жената, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.
„При донесувањето на оваа одлука шефот на државата се водел од хуманитарни причини. Амнестијата првенствено ги опфаќа жените со малолетни деца, трудниците и жените чии роднини се вклучени во специјална воена операција“, соопшти прес-службата, пренесе ТАСС.
Правото на претседателот на Русија да помилува осуденици е запишано во член 89 од рускиот Устав. Рускиот закон предвидува и постапка за амнестија, која не е индивидуална.
Во 2023 година Путин зборуваше за опцијата за амнестија за одредени категории жени.