Путин: Поддршката на граѓаните е поважна од изборната победа

путин.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател Владимир Путин денеска, откако Централната изборна комисија ги објави официјалните резултати од претседателските избори одржани од 15 до 17 март, изјави дека поддршката на граѓаните му е поважна од победата и вети дека ќе направи се, за да ја оправда нивната доверба.


„Минатата кампања беше интензивна и крајно одговорна, бидејќи ние најмногу го избравме патот по кој ќе оди Русија, избирајќи ја иднината за себе и за своите деца“, рече рускиот претседател во обраќањето до граѓаните, пренесува РИА Новости.

Претходно, претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, на посебна седница ги објави официјалните резултати од претседателските избори во Русија одржани од 15 до 17 март, според кои Владимир Путин освоил 87,28 отсто од гласовите.

Николај Харитонов освоил 4,31 отсто, Владислав Даванков 3,85 отсто, а Леонид Слуцки 3,20 отсто од гласовите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK