Белорусија стана нуклеарна сила откако во земјата беше изградена белоруската нуклеарна централа со учество на Русија, што е сериозен чекор напред во економскиот и технолошкиот развој, изјави рускиот претседател Владимир Путин, говорејќи на седницата на Врховниот државен совет на федералната држава.
Во своето обраќање Путин потсети дека со учество на Русија во Белорусија, изградбата на вториот блок на нуклеарната централа „БелАЕС“ е завршена во 2023 година.
„Ова е секако многу сериозен потег, имајќи предвид дека не само што се гради станица, туку се создава и индустрија. И во оваа смисла, се разбира, Белорусија стана нуклеарна сила и ова е сериозен чекор напред во развојот на економијата и научните области и во технолошкиот развој“, рече Путин.
Тој додаде дека под надворешен притисок Русија и Белорусија си помагаат и имаат заеднички пристапи кон глобалните и регионалните проблеми, пренесува Спутник.
„Важно е Русија и Белорусија, во услови на невиден надворешен притисок, тесно да соработуваат на светската сцена и секогаш меѓусебно да си пружаат вистинска сојузничка меѓусебна поддршка. Пристапите на нашите земји кон актуелните глобални и регионални проблеми се совпаѓаат или се блиски на многу начини“, рече Путин.