­

Путин: Ако Западот престане да финансира, Владата на Украина ќе падне за еден месец

путин.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека суверенитетот на Украина е „речиси на нула“ и дека владата во Киев „ќе трае околу еден месец“ без западно финансирање.


„Тие не можат да преживеат, немаше да преживеат ниту еден месец ако снемаа пари и куршуми. Се ќе беше готово за месец, месец и половина, до два. Во оваа смисла, Украина речиси целосно го загуби својот суверенитет“, рече рускиот претседател.

Путин е подготвен да назначи луѓе кои ќе преговараат со Зеленски, доколку тој сака да учествува во нив.

Сепак, како што истакна, преговорите со Украина без поништување на указот на Зеленски за забрана на преговорите со Русија би биле нелегитимни.

„Можеме да преговараме со секого, но Владимир Зеленски, бидејќи е нелегитимен претседател, не може да потпише ништо“, додаде тој.

„Ова е трик, заседа, стапица“, рече Путин.

Рускиот претседател истакна дека во 2022 година, како дел од изготвувањето на Истанбулските договори, се согласил да се сретне со Зеленски, но дека украинскиот претседател наводно отстапил на убедување на Западот.

„Одеднаш дојде информација од Киев дека треба да се консултираат со своите сојузници, а тие се консултираа, како што знаете, дојде Борис Џонсон, тогашниот премиер на Велика Британија, веројатно на поттик на поранешната американска администрација на чело со Џо Бајден и ги убеди Украинците да ја продолжат војната“, рече Путин, пренесува Интерфакс.

Според него, Западот го убедил Киев да продолжи со конфликтот, а денес Украина речиси целосно го изгубила својот суверенитет.

Сега, според него, резултатите од преговорите треба да ја гарантираат безбедноста и на Украина и на Русија на долг временски период.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK