Aмериканските медиуми јавуваат дека имало пукање во средно училиште во американската сојузна држава Ајова.
Ен-Би-Си јавува дека неколку полициски возила се наоѓаат пред средното училиште Пери во Ајова, а службите за итна помош пристигнале на местото на пукањето.
Засега e потврдено дека едно лице загинало, а две се повредени.
Се очекуваат повеќе информации наскоро.