Проработи вулканот Попокатепетл: Почна да исфрла пепел

Проработи-вулканот-Попокатепетл-Почна-да-исфрла-пепел.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вулканот Попокатепетл во мексиканската држава Пуебла, Мексико, почна да исфрла пепел, а мексиканските власти ги предупредија луѓето да се држат подалеку од областа.


Националниот центар за превенција од катастрофи истакна дека вулканот исфрла жешка пареа, вулкански гасови и пепел и дека на сила е жолт аларм, што значи зголемена активност, пренесоа мексиканските медиуми.

Во саботата вулканот исфрлаше пепел на височина од над 6.000 метри.

Официјални лица на мексиканската агенција за управување со вонредни состојби рекоа дека облакот од вулканска пепел се очекува да се движи југозападно и нема да се упати кон Мексико Сити.

Вулканот проработе во петокот.

Попокатепетл, познат и како Ел Попо, се наоѓа во централно Мексико. Висок е 5.426 метри и е вториот највисок вулкан во Северна Америка.

Античките Ацтеки му го дале името Попокатепетл, што во превод значи – „планина што чади“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK