На телата на цивили убиени од милитантите на Хамас се пронајдени „знаци на тортура“, изјави израелскиот претседател, пренесе „Скај њуз“.
Исак Херцог на брифинг со новинарите рече дека истражителите пронашле повреди од тортура кои „никогаш не ги виделе досега“.
“Петчлено семејство било пронајдено врзано. Сите беа прегрнати, застрелани и запалени“, рече тој.
„Се прашував на што се молеле пред да бидат застрелани сите заедно“, рече Херцог.
Семејството го сочинувале мајка, татко и деца.
Херцог рече дека неколку луѓе биле пронајдени убиени во канали покрај патиштата. Тој додаде дека Израел „се соочи со еден од најсуровите непријатели на Земјата“.