Проектил погоди британски брод во Црвеното Море

Проектил-погоди-британски-брод-во-Црвеното-Море.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Товарен брод во Црвеното Море претрпел помала штета откако бил погоден од проектил додека пловел во близина на брегот на Јемен, соопштија денеска британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО) и британската поморска безбедносна компанија Амбри, а пренесе Ројтерс.


Од УКМТО наведуваат дека проектилот поминал преку палубата и предизвикал помали оштетувања на прозорците, а извештајот за инцидентот го добиле нешто по полноќ. Компанијата „Амбри“ соопшти дека товарен брод со знаме на Барбадос, сопственост на британска компанија претрпел физичко оштетување од беспилотно летало (UAV) додека пловел југоисточно низ Црвеното Море.

Нема информации за повредени, бродот извршил маневри за избегнување и го продолжил патувањето, додаде Амбри. Јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, веќе некое време напаѓаат комерцијални бродови со беспилотни летала и проектили за да „изразат солидарност со Палестинците во Појасот Газа“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK