Претставник на Хамас: Не знаеме колку заложници се живи, ниту каде се

677z381_taoci-su-zivi.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Функционерот на политичкото крило на Хамас, Басим Наим, изјави дека палестинската исламистичка организација не може да му даде на Израел список на заложници кои се уште се живи, бидејќи таа самата не го знае тоа, ниту пак каде се заложниците.

„Досега немаме предадено никаков список. Но, пред сè, технички и практично, сега е невозможно точно да се знае кој е сè уште жив, а кој е убиен, поради израелското бомбардирање и гладувањето поради израелската блокада“, рече Наим во Истанбул во интервјуто објавено денеска за Би-Би-Си.

Тој додаде дека заложниците се во различни области со различни групи и затоа има повик за прекин на огнот за собирање информации.

Во нападите на палестинските екстремисти на југот на Израел на 7 октомври минатата година, беа убиени околу 1.200 луѓе, а 250 заложници беа киднапирани и однесени во Појасот Газа.

После тоа започна војната која трае веќе 150 дена и во која во израелската офанзива загинаа повеќе од 30.000 Палестинци, пренесуваат медиумите во светот.

Околу 100 заложници беа ослободени за време на седумдневниот прекин на огнот на крајот на ноември. Според израелските податоци, во Газа се уште се држат околу 130 заложници, но се знае дека не се сите живи, пренесува Бета.

Како еден од условите за учество во преговорите за ново примирје, Израел бара Хамас да ја предаде листата на живи заложници.

Наим, официјален претставник на политичкото биро на екстремистичката организација, повтори за Би-Би-Си дека Хамас нема да се согласи на договор за прекин на огнот доколку војната не заврши и израелската армија целосно не се повлече од Газа, објавија израелските медиуми.

Друг висок функционер на Хамас изјави за „ Arab World Press“ дека топката сега е на „израелскиот терен“.

Тој рече дека Хамас не ги именуваше затворениците чие ослободување го бара, но додаде дека на списокот ќе има најмалку 20 Палестинци кои отслужуваат доживотна казна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK