Претседателот на Литванија доби втор мандат

n223.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Литванскиот претседател, Гитанас Наузеда, освои втор мандат во вториот круг од претседателските избори, обезбедувајќи 74,43 отсто од гласовите, покажуваат податоците на Централната изборна комисија на Литванија.


Неговата противкандидатка, премиерката Ингрида Шимоните, освоила 24,06 отсто од гласовите, пренесува „ТАСС“.

Шимоните го призна поразот му честиташе на Наузеда за неговиот втор мандат како шеф на државата.

Наузеда најави дека ќе ја продолжи актуелната надворешна политика на Литванија, со надеж дека земјата ќе има уште поголема корист од меѓународните организации чијашто членка е, особено Европската Унија и НАТО, пренесува „Интерфакс“.

Мандатот на претседателот на Литванија трае пет години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK