Премиерот на Молдавија, Александру Мунтеану, денес ненадејно поднесе оставка од својата позиција.
Овој потег подразбира оставка на целата влада.
Тој ја извршува функцијата премиер на Молдавија од ноември минатата година, а не изјави зошто сега се повлекува.
„Во моментот кога сфатив дека повеќе не можам да го извршувам својот мандат во согласност со моите принципи и верувања, решив да поднесам оставка“, напиша тој на Икс.
Тој додаде дека ќе продолжи да ѝ служи на својата земја од која било позиција на која ќе се најде, без оглед каде живее или дали ќе биде во јавниот или приватниот сектор, пренесува „Бета“.