Премиерката на Данска употреби „ChatGPT“ за да напише дел од својот говор

frederiksen
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерката на Данска Мете Фредериксен го искористи четботот „ЧатГПТ“ за да го напише воведниот дел од својот говор, кој го одржа во парламентот, јави ДПА.

Социјалдемократката рече дека сакала да ја истакне важноста на вештачката интелигенција, која веќе е видлива во денешно време. Таа го одржа својот говор денеска за време на дебатите на крајот на данската парламентарна година.


– Она за што е способна вештачката интелигенција е и импресивно и застрашувачко, рече Фредериксен. За само неколку секунди, тој може да напише говор, да реши универзитетска задача или да подготви извештај и тоа да го направи толку убедливо што малкумина би поверувале дека зад тоа стои робот, а не човек, истакна таа.

„Вештачката интелигенција повеќе не е иднината. Тоа е реалноста“, истакна Фредериксен. Данската премиерка предвидува дека вештачката интелигенција „ќе го промени нашето општество до степен што едноставно сè уште не го разбираме“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK