Премиер на Молдавија: Бунтот во Русија ги разоткри слабостите на Москва и рускиот воен менаџмент

dorin-rechan
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Молдавскиот премиер Дорин Речан оцени дека бунтот во Русија ги разоткри слабостите на Москва и дека мешањето на Кремљ во неговата земја станува се помалку ефективно.

„Она што го видовме во последните денови е јасен показател за слабоста на руското раководство и рускиот воен менаџмент“, рече Речан во интервју за Ројтерс, пренесува Кликс.


Поранешната советска република, лоцирана меѓу Украина и Романија, често ја обвинува Русија за мешање во нејзините внатрешни работи, особено околу отцепениот регион Придњестровје. Тој нагласи дека Русија е многу послаба отколку што луѓето ја перцепираат.

– Не чувствуваме дека Русија се повлекува или го намалува интензитетот. Само нашите институции ги подобрија своите способности да се борат со оваа хибридна војна на Русија, заклучи тој.

Стотици руски војници се стационирани на дел од територијата долж источната граница на Молдавија со Украина од војната меѓу проруските сепаратисти и молдавската влада по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK