Пожарникар загина при гаснење на пожар во Канада, четврти годинава

pozar_3454543534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Пожарникар кој гаснел пожар во канадската провинција Британска Колумбија загина во петокот, со што бројот на загинати пожарникари во Канада годинава се искачи на четири.

Како што јавија денеска локалните медиуми, пожарникарот кој загинал е 25-годишен маж од Онтарио кој го гаснел пожарот во Дони Крик. Тоа е најголемиот пожар што некогаш бил регистриран во историјата на Британска Колумбија кој почна на 12 мај и се очекува да гори до зима.


Поради својата географска положба, Канада се загрева побрзо од остатокот на планетата, па во последните години е соочена со екстремни временски непогоди, чиј интензитет и зачестеност се зголемени со климатските промени. Претходно овој месец, противпожарен хеликоптер се урна во Алберта, при што загина неговиот пилот, а уште двајца пожарникари загинаа во одделни инциденти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK