Пожар во дом за стари лица во Германија: има загинати и повредени

Screenshot-2024-03-04-183156.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Утрово избувна пожар во дом за стари лица во Северна Рајна Вестфалија, а полицијата истражува еден од станарите за кој верува дека е поврзан со инцидентот.

Како што јави германската „WDR“, најмалку четири лица загинаа во пожар во пензионерски дом во Бедбург-Хау, а најмалку 59 лица се повредени, меѓу кои и еден полицаец.

Пожарникарите затекнале многу драматична ситуација во пензионерскиот дом Хаус Симон фон Мојланд, пренесува „t-online“. Главниот осомничен е 71-годишен корисник на домот, соопштија од полицијата и обвинителството. Тој е осомничен дека пожарот го предизвикал од невнимание. Пожарникарите на местото на пожарот пристигнале во 5 часот наутро. Дотогаш пожарот веќе се проширил низ зградата. Некои избегале преку скршените прозорци.

Пожарникарите известуваат дека едно лице е тешко повредено. Во моментов под медицинска нега се 46 жители на домот. „Ова е многу драматична ситуација. Сите се во шок“, изјави за „Рајнише пост“ Мајкл Хендрикс, портпарол на противпожарната служба во Бедбург-Хау.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK