Пожарникарите во северозападната турска провинција Чанаккале втор ден по ред се борат со шумски пожари кои се шират поради високите температури и силниот ветер.
Пожарникарите користеа копнени возила и хеликоптери за гаснење на пожарот во текот на ноќта, а министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека повеќе од 1.200 луѓе од девет села во областа се евакуирани, пренесува Ројтерс.
Властите исто така превентивно ги преместија пациентите од медицинските центри.
Поморскиот сообраќај во Дарданелите повторно беше прекинат за да им се овозможи на авионите и хеликоптерите да собираат вода за да го изгаснат пламенот.