Повредени се најмалку 38 лица во пожар во полициската зграда во Египет

Повредени-се-најмалку-38-лица-во-пожар-во-полициската-зграда.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 38 лица се повредени во пожар што избувна во зградата на безбедносната администрација во египетскиот град Исмаилија пред пожарникарите да го стават пожарот под контрола по неколку часа.


Портпаролот на Министерството за здравство на Египет, Хосам Абдел Гафара изјави дека на лице место им била укажана помош на 12 повредени, додека 26 се префрлени во болници, а сите освен двајца имаат отежнато дишење, пренесува АП.

Не е познато колку полицајци имало во зградата во моментот на пожарот, кој сериозно ја оштетил зградата, јавуваат локалните медиуми.

Како што јави Ројтерс, причината за пожарот не е позната, а од снимките објавени на социјалните мрежи се гледа дека станува збор за зградата на градската безбедносна управа.

Повикувајќи се на изјави на сведоци, агенцијата наведува дека пожарникарите првично имале многу проблеми при гаснењето на пожарот, а дополнително се наведува дека во пожарот пропаднале делови од зградата.

Стандардите и прописите за безбедност од пожари слабо се спроведуваат во Египет и се поврзани со многу смртни случаи, така што во август 2022 година избувна пожар во преполната православна црква за време на утринските богослужби во Каиро, кога загинаа 41 верник, според АП.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK