Повеќе од половина од Британците велат дека Брегзит бил грешка

london_britanija_3453543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Процентот на Британци кои велат дека излегувањето на нивната земја од Европската унија било грешка достигна нов рекорд овој месец, покажаа денеска резултатите од истражувањето.







Истражувањето спроведено од JouGov на примерок од 2.000 испитаници покажа дека 63 отсто од Британците сега го сметаат Брегзит повеќе за неуспех отколку за успех, додека 12 отсто го сметаат за успех, а 18 отсто се неопределени, јави Би-Би-Си.

Во јуни 2016 година, 57 отсто од Британците изјавија дека одлуката да ја напуштат Европската унија во 2016 година е погрешна, во споредба со 32 отсто кои сметаат дека е исправна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK