Руските сили не се откажуваат од обидот да ја опколат Авдијевка, соопшти украинската армија.
Според објавата на Фејсбук страницата на Генералштабот на вооружените сили на Украина, во изминатите 24 часа се случиле повеќе од 60 воени престрелки, пренесува Униан.
Воздушни напади беа извршени врз 19 населени места во регионите Харков, Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон.
Над 140 населени места во овие региони, како и во регионите Чернихив, Суми и Николаев, беа под артилериски оган, соопшти украинската армија.