Потпретседателот на Думата со предупредување до Париз: Проектилот пристигнува за две минути

Screenshot-2024-03-22-152851.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Потпретседателот на Думата, Пјотр Толстој, потврди дека Москва ја разгледува и можноста за нуклеарен напад врз Париз во случај француските војници да влезат во Украина.


Толстој за француската телевизија „BFMTV“ изјави дека проектил истрелан од Русија може да стигне до француската престолнина за нешто повеќе од две минути.

Медиумите потсетуваат дека францускиот претседател Емануел Макрон претходно предупреди дека може да испрати војници на линијата на украинскиот фронт доколку Русија маршира кон Киев. Макрон рече дека повеќе нема да има „црвени линии“ за вклучување на Франција, чија армија е дел од глобалните сили на НАТО.

Толстој жестоко реагираше на предупредувањето на Макрон.

„За Русија е историски важно да ја обезбеди безбедноста на земјата“, рече Толстој, додавајќи дека земјите од НАТО, вклучително и Франција, поставуваат проектили околу границите на Русија.

На приватен состанок со лидерите на опозицијата во Елисејската палата, Макрон, наводно, ја изложил основата за влегување во војната што беснее две години и им покажал на високи членови на француската влада, мапи кои покажуваат каде ќе бидат распоредени француските војници во случај Русија да напредува кон Одеса или Киев, пренесуваат светските медиуми.

Толстој ветил дека француските војници нема да се вратат живи.

„Ќе ги убиеме сите француски војници кои ќе дојдат на територијата на Украина“, изјави Толстој за „BFMTV“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK