Постои „голема веројатност“ за обнова на договорот за извоз на жито од Украина, тврди турски функционер

zito dogovor
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Постои „прилично голема веројатност“ договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море да биде продолжен, изјави денеска висок турски функционер, еден ден пред Русија да го напушти договорот поради пречките за извозот на сопственото жито и ѓубрива.







Претходно и последниот брод го напушти украинското пристаниште, според договорот што овозможуваше безбеден извоз на украинско жито преку Црното Море.

Доколку не се постигне договор за продолжување, актуелниот, веќе двапати, продолжен договор истекува утре.

-Разговорите (во Турција) продолжуваат. Тие одат во позитивна насока. Колку што можам да видам, постои прилично голема веројатност за постигнување договор, изјави високо позиционираниот турски функционер.

„Некои контакти продолжуваат. Сериозно се надеваме на тоа“, додаде изворот.

Според податоците на ОН, последниот брод „DSM Capella“ го напушти украинското пристаниште Чорноморск со 30.000 тони пченка согласно договорот и патува за Турција.

ОН и Турција во јули минатата година посредуваа во постигнување на 120-дневниот договор за извоз на жито за да помогнат во решавање на глобалната криза со храна влошена со инвазијата на Москва на Украина, еден од водечките светски извозници на жито.

Москва во ноември се согласи да го продолжи договорот за дополнителни 120 дена, но потоа во март се согласи на продолжување од 60 дена – до 18 мај – доколку не се исполнат низа барања за рускиот земјоделски извоз.

„Сè уште има многу отворени прашања во врска со нашиот дел од договорот. Сега ќе треба да се донесе одлука“, изјави вчера портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Запрашан денеска за тоа како напредуваат разговорите, Песков на брифинг изјави дека нема да влегува во „хипотетички дискусии“ за тоа што ќе направи Русија доколку истече договорот за жито.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK