Хамас ги изгради своите тунели во Појасот Газа за да може да ги издржат евентуалните обиди да се испумпа вода во нив, изјави Осама Хамдан, портпарол на палестинската милитантна група.
На прес-конференција во Бејрут тој ги коментираше претходните извештаи на одредени медиуми дека израелските сили размислуваат да испумпуваат вода во тунелите на Хамас во Газа. Тој рече дека тунелите ги изградиле добро обучени инженери кои ги разгледале сите можни напади, вклучително и пумпање на вода , пренесува CNN.
Некои медиуми претходно објавија дека Израел ги информирал САД дека размислуваат да почнат да пумпаат морска вода во некои од тунелите на Хамас, како дел од борбата против палестинската милитантна група.
Одговарајќи на прашање за можни нови разговори за ослободување на израелските заложници кои ги држеше Хамас во Газа, Хамдан рече дека нема да има преговори и враќање на заложниците до целосно прекинување на, како што рече, „агресијата врз Газа“.
Во Појасот Газа се уште има повеќе од 130 заложници, кои беа киднапирани од Хамас за време на нападот на југот на Израел на 7 октомври.