Поранешниот претседател на Панама осуден за перење пари

rikardo martineli
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот претседател на Панама Рикардо Мартинели е осуден на 10 години затвор поради перење пари.

Мартинели планираше да се врати во политиката на општите избори следната година, но денеска беше осуден на затворска казна во случај поврзан со купување на медиумска компанија. Случајот датира од 2017 година и се однесува на купување на издавачка куќа во 2010 година, која е сопственик и на национален весник.


Обвинителите тврдеа дека компаниите кои добивале профитабилни владини договори за време на претседателствувањето на Мартинели, ги префрлале парите во лажна компанија, која потоа се користела за купување издавачи. Трансакциите опфаќаат трансфери на пари од странство во вкупен износ од 43 милиони долари.

Во завршните зборови на судењето во јуни, обвинителите побараа максимална казна од 12 години за Мартинели. Тој беше претседател на Панама од 2009 до 2014 година, а неговата партија минатиот месец го избра за претседателски кандидат за следните избори.

Мартинели ги негираше наводите од обвинението и тврди дека е жртва на политички прогон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK