Помошникот на Навални се огласи откако беше нападнат со чекан

jhkjh.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Леонид Волков – долгогодишен помошник на починатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални, вети дека ќе ја продолжи својата борба против рускиот претседател Владимир Путин, откако беше нападнат со чекан пред неговиот дом во Литванија.


„Ќе работиме и нема да се откажеме“ рече тој во видео објавено на „Телеграм“ во средата рано наутро, тврдејќи дека во нападот му била скршена раката.

Волков (43) накратко беше хоспитализиран по нападот во вторникот вечерта, што предизвика бес кај литванската влада.

„Во дворот ме нападна маж, приближно 15 пати ме удри во ногата. Ногата е некако добра. Ме боли кога одам… Но раката ми е скршена. Буквално сакаа да направат стек од мене“, изјави Волков.

Волков бил близок со Навални, служејќи како шеф на кабинетот и како претседател на неговата Фондација за борба против корупцијата до 2023 година, пишува Гардијан. Портпаролката на Навални, Кира Јармуш, претходно изјави дека „некој го скршил прозорецот на автомобилот и му испрскал солзавец во очите“ пред да го удри со чекан.

Нападот се случи речиси еден месец по ненадејната смрт на Навални во затвор на Арктикот, за што Волков и вдовицата на Навални, Јулија, директно го обвинија рускиот претседател.

Еден ден пред да биде нападнат, Волков на социјалните мрежи напиша: „Путин го уби Навални. И многу други пред тоа“, повторувајќи ги сличните тврдења на сојузниците на Навални, како и на американскиот претседател Џо Бајден.

Неколку часа пред нападот, Волков исто така за независниот руски весник Медуза изјави дека е загрижен за својата безбедност по смртта на Навални.

„Клучниот ризик сега е дека сите ќе бидеме убиени. Па, тоа е прилично очигледна работа“, рекол тој.

На сликите објавени од тимот на Навални по нападот се гледа лицето и нозете на Волков облеани во крв, додека на друга фотографија се гледа автомобил со скршен прозорец. Портпаролот на литванската полиција Рамунас Матонис потврди за АФП дека руски државјанин бил нападнат во вторникот околу 22 часот во близина на неговиот дом во главниот град Вилнус.

Осомничените не се идентификувани и повеќе детали за нападот се очекуваат во среда наутро, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK