Полското Министерство за одбрана испраќа дополнителни војници на границата со Белорусија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерство за одбрана на Полска одобри испраќање дополнителни војници на границата со Белорусија на барање на граничната служба, јавија полските медиуми.

Министерството соопшти дека поради динамичната ситуација на полско-белоруската граница, наредило распоредување на дополнителни војници кои ќе патролираат долж границата.


Полската гранична служба побара од Министерството за одбрана да испрати дополнителни 1.000 војници на границата, изјави во понеделникот заменик-министерот за внатрешни работи Мачеј Воншик поради зголемените обиди за илегално преминување на границата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK