Полскиот министер за надворешни работи: Западните војници се веќе во Украина, тоа е „јавна тајна“

1619710147-h_56507536-750x500.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски изјави дека западните војници веќе се во Украина, додавајќи дека тоа е јавна тајна.


„Како што рече вашиот канцелар Олаф Шолц, војниците на некои големи земји веќе се во Украина“, изјави Шикорски за германската „ДПА“.

На прашањето дали е проблем што германскиот канцелар зборува на оваа тема, полскиот министер одговори дека тоа е „јавна тајна“.

На 26 февруари, Шолц изјави дека Германија нема да испрати крстосувачки ракети „Таурус“ во Украина, меѓу другото, бидејќи за тоа ќе биде потребно учество на германски војници, што „не доаѓа предвид“.

„Она што го прават Британците и Французите во однос на целната контрола и поддршката за контрола на целта не може да се направи во Германија“, рече тогаш Шолц.

Тие зборови опозициските политичари во Германија, но и некои во странство ги толкуваа како негова потврда дека веќе има западни војници во Украина.

Шикорски рече дека Полска нема да испраќа војници во Украина, објаснувајќи го тоа со историјата.

„Украина и Полска беа една земја 400 години. Тоа би им било средство за пропаганда во рацете на Русите. Значи, ние треба да бидеме последни што ќе го направиме тоа“, рече полскиот министер.

Од друга страна, Шикорски го поздрави фактот што францускиот претседател Емануел Макрон ја остави отворена опцијата за испраќање војници на бојното поле.

Тој истакна дека рускиот претседател Владимир Путин прво го анектирал Крим, а потоа ја започнал војната во Донбас на истокот на Украина.

„Се грижиме како да се соочиме со тоа. Можам да ја разберам стратешката или во овој случај тактичката логика на Макрон да ја сврти приказната. Путин нека биде загрижен што ќе правиме“, рече Шикорски.

Шолц категорично ја отфрли можноста за испраќање германски копнени сили во Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK