„Политико“: Европа останува без хероин, се појави многу полоша алтернатива

Приведен-дилер-на-хероин-во-Гевгелија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европскиот мониторинг-центар за дроги и зависност од дрога (EMCDDA) предупреди на појавата на нов синтетички опиоид, кој се произведува во Кина и масовно доаѓа преку Балтикот во Западна Европа продирајќи на пазарот на хероин и масовно убива луѓе.


Дрогата наречена „нитазен“ е одговорна за нагло зголемување на смртните случаи во Естонија и Летонија минатата година – речиси 100, а сега ова се случува и во Франција и Ирска, пишува „Политико“.

Во извештајот за дрогата за 2024 година ЕМЦДДА наведува дека оваа дрога е 100 пати посилна од хероинот, но и од синтетичкиот опиоид „фентанил“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK