Официјалните лица на ЕУ се подготвуваат да почнат преговори со Украина за нејзиниот иден влез во Унијата, пишува американскиот весник Политико, повикувајќи се на извори.
Соговорниците на изданието рекоа дека лидерите на земјите од ЕУ се подготвуваат да му дадат зелено светло на Киев за почеток на официјални преговори за приклучување кон Унијата до крајот на годинава.
Политико пишува дека Европската комисија треба да објави „извештај за напредокот“ за тоа колку Украина и другите кандидати за членство ги исполнуваат барањата на ЕУ за влез во блокот.