Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден, убиена од напаѓачи на мотор

Политичарка-во-Еквадор-ликвидирана-сред-бел-ден-убиена-од-напаѓачи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еквадорска политичарка е убиена среде бел ден пред толпа луѓе, само неколку моменти по завршувањето на состанок, пишува Мирор.


Дијана Карнеро (29) претседаваше со состанокот на советот во градот Наранџал во Гуајас во средата попладне и снимаше видео од лошите услови на патот кога беше нападната.

Двајца осомничени и пришле со мотор и ја застрелале во главата пред да избегаат, соопшти полицијата. Националното обвинителство на Еквадор најави дека ќе отвори истрага, но засега не ги откриле сторителите.

Дијана Карнеро беше претставничка на Демократската социјалистичка партија, а од неа со пораки на социјалните мрежи се простија многу колеги. „Дијана имаше само 29 години, сочувство до семејството. Ова е ноќна мора и срам за целата земја“, напиша поранешниот еквадорски претседател Рафаел Кореа.

Еквадор е во канџите на криминалот поврзан со банди и трговци со дрога во последниве години. Еквадорците се загрижени дека насилството само ќе ескалира во земја каде што беше убиен претседателски кандидат минатата година. Пред две недели, претседателот Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба и војна на бандите, овластувајќи ја војската да дејствува против нив. Многу луѓе остануваат дома, а училиштата и продавниците се затворени додека војниците патролираат по улиците на најголемите градови во Еквадор.

Во последниве години, најмалку четворица високи еквадорски политичари беа убиени во Еквадор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK