„Појасот Газа стана детска гробница“ УНИЦЕФ: 72-часовен прекин на огнот би спасил илјадници животи

„Појасот-Газа-стана-детска-гробница-УНИЦЕФ-72-часовен-прекин-на-огнот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Појасот Газа стана гробишта за деца, а бројот на загинати малолетници до денес надмина 3.450, изјави Џејмс Елдер, портпарол на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).


За време на своето обраќање пред новинарите во Женева, тој повика на итен прекин на огнот и отворање на сите премини со Појасот Газа заради непречена испорака на хуманитарна помош.

„Ако имаме примирје од 72 часа, тоа ќе значи дека илјадници деца ќе бидат спасени“, рече Елдер.

Според него, заканите по животите на децата „одат подалеку од бомбите и минофрлачите“, пренесе ТАСС.

Смртта на доенчиња од дехидрација е се’ поголема закана во енклавата, бидејќи производството на вода во Газа е само пет проценти од потребниот волумен, поради фактот што повеќето постројки за бигор се неактивни поради оштетување или недостиг на гориво.

Повикувајќи се на палестинското Министерство за здравство, телевизијата „Ал Џезира“ претходно објави дека од 7 октомври досега во Појасот Газа загинале 8.525 Палестинци.

Тензиите на Блискиот Исток ескалираа на 7 октомври кога милитантите на Хамас започнаа ненадеен упад на израелска територија од Појасот Газа. Палестинското движење објави дека нападот е одговор на агресивните акции на Израел против џамијата Ал Акса во Ерусалим.

Израел воведе целосна блокада на Газа и почна да изведува удари врз палестинската енклава, како и врз одредени области во Либан и Сирија. Конфликти има и на Западниот Брег.

Портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари претходно изјави дека израелските копнени сили ги прошируваат операциите во Појасот Газа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK