Почнала да кашла, имала и треска: жена во Кина починала од инфекција со два вида на птичји грип

Почнала-да-кашла-имала-и-треска-жена-во-Кина-починала.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еден смртен случај е регистриран во Кина од инфекција предизвикана од комбинација на два вида на птичји грип, H3N2 и H10N5, соопшти кинеската Национална управа за контрола и превенција на болести, додавајќи дека станува збор за пренос меѓу видови.


Една постара жена од провинцијата Анхуи, која имала истовремени болести, пријавила дека развила кашлица, болка во градите, треска и други симптоми на 30 ноември, а починала нешто повеќе од две недели подоцна на 16 декември, се вели во соопштението на кинеското Министерство за Здравство за национална управа за контрола и превенција на болести.

Тестирањето на блиските контакти на 63-годишната жена било негативно, се наведува во соопштението и се додава дека не се пријавени други случаи на заболени од споменатата комбинација на соеви на птичји грип. Анализата на целата геномска секвенца на вирусот покажала дека вирусот H10N5 е од птичјо потекло и нема способност ефикасно да зарази луѓе, соопшти агенцијата.

Регистрираната смрт, според Кинеската национална администрација за контрола и превенција на болести, претставува редок пренос на вирусот меѓу видовите, од птица на човек. Ризикот од вирусот да зарази луѓе е низок, додава агенцијата.

Кина има голема популација на одгледувани и диви птици од различни видови, што, според Ројтерс, е идеално опкружување за мешање и мутација на птичји вируси.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK