Почина сестрата на Фидел Кастро, противничка на комунизмот која соработуваше со ЦИА

Почина-сестрата-на-Фидел-Кастро-противничка-на-комунизмот-која-соработуваше.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хуанита Кастро, сестрата на кубанските владетели Фидел и Раул Кастро која соработуваше со ЦИА против комунистичката влада на нејзините браќа, почина во Мајами на 90-годишна возраст. Флорида беше нејзиниот дом веднаш по бегството од Куба пред речиси 60 години, пишува „Гардијан“.



Новинарката Марија Антониета Колинс, која беше коавтор на книгата на Хуанита Кастро од 2009 година, „Фидел и Раул, моите браќа“, напиша на Инстаграм дека Хуанита починала во понеделникот.

„Хуанита Кастро беше пред нас на патот на животот и смртта, извонредна жена, неуморен борец за прашањето за мојата Куба што толку многу ја сакам“, објави Колинс.

Кубанската влада и медиумите до вчера не ја споменаа смртта на Хуанита Кастро

Во својата книга, антикомунистката Хуанита Кастро напишала дека почнала да соработува со ЦИА веднаш откако САД ја спречиле инвазијата во Заливот на свињите во 1961 година.

Таа првично ги поддржувала напорите на нејзините постари браќа да го соборат диктаторот Фулгенсио Батиста, собирајќи пари и купувајќи оружје. Таа била разочарана кога, по преземањето на власта во 1959 година, Фидел станал тврдокорен комунист и ги избркал оние што не се согласувале со него од неговата влада, пишува во книгата.

Кога нејзиниот дом во Куба станал седиште за антикомунистите во раните 1960-ти, Фидел ја предупредил својата сестра да не се плетка со „црви“, како што владата ги нарекла оние кои се спротивставиле на револуцијата.

Во својата книга таа пишува и дека сопругата на бразилскиот амбасадор во Куба ја убедила да се сретне со службеник на ЦИА за време на патувањето во Мексико Сити во 1961 година. Таа рече дека му кажала на агентот оти не сака пари и дека нема да поддржи какво било насилство врз нејзините браќа или други.

ЦИА ја користела за шверц на пораки, документи и пари назад во Куба, скриени во конзервирана стока. Тие комуницирале со неа преку радио со кратки бранови, пуштајќи валцер и песна од операта Мадам Батерфлај како сигнали дека нејзините раководители имаат порака за неа.

Таа остана на Куба додека нивната мајка беше жива, верувајќи дека тоа ја штитело од целосниот гнев на Фидел.

„Моите браќа можеа да го игнорираат она што го направив или изгледаше дека го игнорираа за да не ја повредам мама, но тоа не значеше дека немам проблеми. Сè се искомплицира откако мајка ми почина во 1963 година”, напишала таа.

Хуанита побегнала од Куба следната година, откако Раул и помогнал да добие виза за Мексико. Никогаш повеќе не ги видела своите браќа.

„Не можам повеќе да останам рамнодушна на она што се случува во мојата земја. Моите браќа Фидел и Раул направија огромен затвор опкружен со вода. Народот е прикован на крстот на тортурата наметнат од комунизмот“, им рече Хуанита на новинарите во Мексико во 1964 година.

Хуанита Кастро подоцна помогна да се основа непрофитна организација поддржана од ЦИА која работеше против владата на Кастро. Таа на крајот се насели во Мајами, каде што ја водеше аптеката Little Havana и станала членка на кубанско-американската заедница. Таа стана американски државјанин во 1984 година.

Фидел Кастро почина во 2016 година на 90-годишна возраст, а Раул има 92 години и се пензионираше. Најстариот брат Рамон почина истата година како и Фидел, на 91-годишна возраст.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK