Смртта на 33-годишната манекенка и актерка Твиша Шарма, која на 12 мај беше пронајдена мртва во семејната куќа во Бопал, предизвика големо медиумско внимание во Индија и отвори истрага за тоа дали станува збор за убиство или самоубиство.
Твиша Шарма била во брак само пет месеци со адвокатот Самарт Синг. Нејзиното семејство тврди дека сопругот и неговата мајка, пензионираната судијка Гирибала Синг, ја малтретирале за мираз и дека таа е убиена. Од друга страна, свекрвата ги отфрла обвинувањата како неосновани и тврди дека Шарма имала проблеми со менталното здравје и сама си го одзела животот.
Полицијата соопшти дека против членовите на семејството Синг е покрената постапка за смрт поврзана со мираз. Сопругот Самарт Синг е во бегство, поради што е распишана парична награда за информации за него и издадено е предупредување за да не ја напушти државата. На неговата мајка, Гирибала Синг, судот ѝ наложи да се предаде.
Ohhhh…That is indeed true.. she did act in Telugu! One may look perfect outside having everything together.. you dont know what’s going through someones life! Just found one of her Telugu movie “Mugguru monagallu (2021)” in youtube!! RIP 🙏#TwishaSharma #Noida https://t.co/uEUSnqpUrU pic.twitter.com/ONtcWO8woN
— chill guy (@ChillaXer_) May 16, 2026
Семејството на настраданата манекенка одбило кремација на телото и побарало ново обдукциско вештачење. Првичниот наод навел дека причина за смртта е бесење, но исто така открил дека таа имала повреди пред смртта. Високиот суд во петокот го прифати барањето на семејството за нова обдукција.
Случајот привлече дополнителен интерес бидејќи Твиша Шарма е поранешна победничка на изборот за убавина „Мис Пуне“, но и поради високиот углед на семејството во кое се омажила.
Нејзините родители тврдат дека проблемите почнале набрзо по венчавката во декември 2025 година, вклучувајќи притисоци за мираз и тврдења дека била принудена на абортус на почетокот на мај. Нејзиниот татко, Навниџи Шарма, изјави дека последен пат разговарал со ќерка си вечерта на 12 мај, кога повикот одеднаш бил прекинат, по што свекрвата му се јавила со зборовите: „Ја нема повеќе“.