По Путин, и кинескиот претседател ја откажа посетата на состанокот на Г-20

По-Путин-и-кинескиот-претседател-ја-откажа-посетата-на-состанокот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг нема да патува во Индија на претстојниот самит Г-20, соопшти Министерството за надворешни работи во Пекинг.


Министерството не соопшти зошто Џјинпинг нема да присуствува.

Ова е прв пат кинески лидер да го откаже состанокот на Г-20, пишуваат светските медиуми.

Премиерот Ли Кианг ќе ја предводи кинеската делегација, изјави портпаролката на министерството Мао Нинг.

Повеќето од лидерите на Г-20 ќе се сретнат во сабота во Њу Делхи на дводневен состанок.

Не доаѓа и рускиот претседател Владимир Путин, а ќе го претставува неговиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Кина и земјата-домаќин на Г-20 Индија имаат затегнати односи.

Двете најнаселени земји во светот се расправаат за територијата јужно од Тибет и источно од Индија.

Нивниот спор доведе до кратка војна во 1960-тите, во која Кина победи. Во летото 2020 година, војници од двете страни меѓусебно се нападнаа со камења, палки и тупаници во пограничната област, најлошиот инцидент во последните децении, стои во написите на медиумите.

Според анализите, неодамна, објавувањето на официјалната мапа на која се гледаат барањата на Кина за спорните копнени и поморски области, предизвика бес од неколку земји.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK