По пожарите на Хаваите продолжува потрагата по 850 лица

havai-pozar.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Мауи, Ричард Бисен, денеска објави дека 850 луѓе се уште се водат како исчезнати додека траат операциите за пребарување и спасување откако разорните шумски пожари го погодија истоимениот хавајски остров.



Наведе дека на списокот на исчезнати лица има 850 имиња, што е помалку од првично пријавените 2.000, додавајќи дека 1.285 лица се лоцирани и се безбедни.

„Моја тажна должност е да објавам дека 114 лица починаа. Идентификувани се 27 лица, а информирани се 11 семејства“, рече Бисен во видео обраќање, пренесува порталот „Хил“.

Тој додаде дека Федералното биро за истраги (ФБИ) во Хонолулу и Канцеларијата на судски вештак во округот Мауи работат на идентификување на другите лица.

„Бројот на идентификуваните ќе се зголеми, а бројот на исчезнати може да се намали, но ќе има дневни флуктуации во бројките“, рече Бисен.

Разорните пожари што ги зафатија Хаваи се сметаат за најсмртоносните во историјата на Соединетите Американски Држави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK