го Црна Горауапси и протера Михаил Звинчук, руски воен блогер и основач на каналот „Рибар“ (Rybar) на Телеграм. Кремљ вчера соопшти дека преку своите дипломати ќе побара објаснување за неговото приведување, што го потврди портпаролот Дмитриј Песков, а веста прва ја објави руската државна агенција ТАСС.
Спајиќ: Ја штитиме европската иднина на Црна Гора
Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ го потврди апсењето и го нарече „успешна операција“. Тој порача дека Црна Гора ги штити своите интереси и дека „никој нема да ја загрози нашата европска иднина“.
„Предупредувавме дека нашиот европски пат постојано е проследен со обиди за хибридно мешање и дестабилизација“, објави Спајиќ на социјалната мрежа Икс.
Тој наведе дека надлежните служби ги проверуваат доказите и поврзаноста на уапсените, но дека засега нема да бидат објавени чувствителни информации.
Неколку часа по апсењето, Звинчук бил и протеран, соопшти црногорското Министерство за внатрешни работи.
Црногорските власти им го поништиле правото на престој на петмина руски државјани и им издале решенија за протерување поради причини поврзани со националната и внатрешната безбедност, се наведува во соопштението на Министерството.
Операцијата била спроведена со поддршка на меѓународни партнери, а властите не соопштиле во која земја ќе бидат испратени.
Реакции од Москва
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за ТАСС дека руските дипломати ќе ги утврдат причините за апсењето.
„Нашите дипломати ќе ги утврдат причините за апсењето и, како и во случајот со секој руски државјанин, ќе ги штитат неговите права“, изјави Песков.
Се огласи и Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија. На Телеграм објави дека европските земји прогласиле „лов“ на „сите“ Руси и посочи дека Москва би можела да го прошири списокот на уапсени Европејци и Американци за да ги искористи за размена и враќање на руските државјани.
На каналот „Рибар“ на Телеграм беше објавено дека Звинчук е уапсен заедно со уште неколку руски државјани. Во објавата се нагласува дека сите престојувале во Црна Гора легално и службено.
„Планираа да снимаат во Цетињскиот манастир, за што претходно било испратено официјално барање“, се наведува во соопштението на каналот.