Минатата недела на патниците на летот од Бирмингем до Женева им било кажано да излезат од авионот по влегувањето бидејќи пилотот намирисал нешто чудно во кабината. Авионот требало да полета за неколку минути, но летот бил одложен, пренесува Индипендент.
Некои од патниците на аеродромот чекале и по пет часа. Пилотот бил единствениот кој почувствувал необичен мирис, но и покрај тоа тие го одложиле летот од безбедносни причини. Патниците изјавија дека кога летот бил откажан персоналот на авионот заминал дома и дека биле оставени на грижа на аеродромот.
Откажаниот лет набрзо бил отстранет од екранот за полетувања и патниците не добиле никакви информации за тоа кога ќе се качат на друг авион. Апликацијата за транспорт ги избришала билетите на патниците кои се качиле во авионот, тврдат патниците, па не можеле да докажат дека ги купиле билетите, поради што не можеле да си го подигнат багажот.
На аеродромот било 21 часот, а на екранот пишувало „ќе ве информираме за летот во 20:30 часот“. Многу патници не знаеле дека нивниот лет е презакажан за следното утро.
Некои патници направиле дополнителни трошоци бидејќи резервирале хотели каде што не се појавиле. Според законот во Британија, аеродромите мора да обезбедат храна, вода и сместување на патниците доколку нивниот лет доцни. Патниците чиј лет е откажан имаат право на надомест во износ од 259 евра за кратки летови и 611 евра за долги летови. Од аеродромот рекоа дека 4 часа не можеле да преземат ништо бидејќи чекале контакт со превозникот.