Пилотот на руски авион по грешка слетал врз замрзната река, во него имало 30 патници

Пилотот-на-руски-авион-по-грешка-слетал-врз-замрзната-река.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Руски патнички авион со 34 луѓе наместо на пистата слета на замрзната река на далечниот исток на Русија поради грешка на пилотот. Авионот од советската ера „Антонов Ан-24“  на „Полар ерлејнс“ слета утрово на замрзнатата река Колима во близина на аеродромот Зирјанка. За среќа, никој од патниците не е повреден, пишува „Би-Би-Си“.

Според прелиминарната истрага, се работи за грешка на пилотот, соопштија обвинителите. Во авионот имало триесет патници и четворица членови на екипажот. Летот PI217 полетал од Јакутск рано утринава и патувал за Зирјанка, оддалечен 1100 километри. Видеото од еден од патниците го прикажува авионот среде замрзнатата река Колима во источен Сибир.

Температурите во Зирјанка во овој период од годината може да се спуштат и до -40 степени Целзиусови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK