Петтемина скијачи се обиделе да ископаат засолниште пред да загинат на швајцарските Алпи

гг-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Група скијачи кои исчезнаа на швајцарските Алпи се обиделе да ископаат „засолниште за снег“ за да се спасат од ниските температури, потврдил менаџер за спасување за Sky News. Анјан Труфер, шеф на планинската спасувачка служба Ер Зермат, беше на местото на настанот кога во неделата беа пронајдени телата на пет скијачи во областа Тет Бланш.

Потрагата по шестото лице се уште трае. Труфер рече дека неговиот тим доцнел со пристигнувањето на местото на несреќата во близина на Матерхорн, една од најпознатите планини на Алпите, поради снежна бура. Неговите француски колеги први ги забележале двете тела.

Пронајдени мали и лесни лопати

„Почнавме да ги бараме другите со лавински примопредаватели и веднаш откривме уште две тела“, рече Труфер. На снимката од хеликоптер што ја објави локалната полиција, може да се види скијачка патека на падините на планината, како и мали купишта снег.

Труфер претпоставува дека тоа се „засолништа за снег“ кои скијачите се обиделе да ги ископаат за заштита.

„Тие се обидоа да направат засолниште за да се заштитат од ветерот“, објасни тој.

Тој додаде дека групата скијачи немала соодветна опрема, а доказ за тоа се „малите и лесни“ лопати што ги пронашле.

„Не можете да бидете во чекор со оваа опрема ако снегот паѓа навистина брзо“, нагласи Труфер. Шест скијачи, од кои пет се членови на исто семејство, во саботата тргнаа на скијачка турнеја од алпскиот град Зермат во Швајцарија, со цел да стигнат до Арола.

Веројатно тренирале за трка

Се верува дека се на возраст меѓу 21 и 58 години, но властите не го соопштуваат нивниот идентитет. Труфер потврди дека и скијачите биле „лесно облечени“. Се верува дека скијачите тренирале за трка пред да западнат во неволја.

Во тек е потрага по шестото исчезнато лице, а Труфер верува дека сите вклучени во мисијата треба да бидат „реални“ за  негативниот исход.

„Можеби таа личност паднала во една од процепите. Можеби ветрот го соборил и го затрупал во снегот. Многу е тешко да се каже. Најстрашното нешто што му се случува на едно семејство е кога нема да најде тело.Тешко е“, заклучи тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK