По неколкумесечна работа на припадниците на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција и полицијата на германската покраина Саксонија, полицијата во Германија уапсила пет државјани на Србија и запленила 140 килограми марихуана, која ја пронашла при претрес на становите што ги користеле.
Уапсени се С.С.(37), С.В.(40), Н.М.(31), Л.А.(28) и Н.Т.
Се додава дека тие се во притвор во Германија.