Во израелскиот напад врз позиции на организацијата Народен фронт за ослободување на Палестина – Генерална Команда (ПФЛП-ГЦ) во источен Либан загинаа пет, а десет Палестинци се повредени, од кои двајца се во тешка здравствена состојба, изјави припадникот на ПФЛП-ГЦ, Анвар Раџа.
Додека друг претставник на ПФЛП-ГЦ, Абу Ваел Исам најави одмазда во „соодветно време“, потенцирајќи дека неговата организација нема да биде заплашена од „ескалација на борбата против израелскиот непријател“.
Седиштето на ПФЛП-ГЦ е во Дамаск, а нејзините припадници се позиционирани долж либанско-сириската граница и се присутни во двете земји.
ПФЛП-ЦГ и претходно вршеше напади врз израелски цели, а најпозната стана по киднапирањето на авион на израелската авиокомпанија ЕЛ Ал во 1968 година, а една година подоцна кога изведе вооружен напад врз авион на аеродромот во Цирих. Палестинската организација во 1970 година подметна бомба во авион на Свисер, која експлодира за време на летот Цирих – Тел Авив, при што загинаа сите 47 патници и членови на екипажот.
За време на израелската инвазија врз Либан во 1985 година, ПФЛП-ГЦ зароби тројца израелски војници и преговараше за ослободување на повеќе од 1.100 претежно палестински, либански и сириски затвореници.