Петгодишно девојче починало откако било закопано во песок додека копало дупка на плажа во Лодердејл, Флорида, а нејзиниот 7-годишен брат е во критична состојба.
Официјалните лица проценуваат дека дупката била длабока околу 1,8 метри кога песокот се срушил врз двете деца, пренесува „Sky News“.
На лице место спасувачките екипи го пронашле момчето затрупано до градите, додека девојчето било заробено под песокот.
Спасувачите користеле потпорни штици за да спречат да се сруши повеќе песок и се обиделе да ги извлечат децата со лопати.
Не е познато колку долго децата биле затрупани со песокот, пишува „Sky News“.