При слетување на аеродром во Јапонија се запали авион.
Се работи за Ербас А350 на Japan Airlines, а несреќата се случи на аеродромот Ханеда во Токио. Во авионот имало околу 400 луѓе, според информациите кои светските медиуми ги пренесоа од јапонската телевизија, сите се евакуирани.
Пожарот настанал по судир со авион на јапонската крајбрежна стража. Во него имало 6 лица, од кои пет починале. Едно лице, капетанот, е повредено.