Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека е премногу рано да се коментира што го предизвикало падот на авионот на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин во август.
Прашан од новинарите за истрагата за несреќата и дали Кремљ мисли дека се движи премногу бавно, Песков одговори: „Ова е сложена истрага, комплексен инцидент“.
„Истрагата е во тек, така што би било прерано да се даваат какви било коментари сега“, додаде тој.