Песков: Русија го осудува убиството на лидерот на Хезболах и нападите врз Либан

677z381_677z381_peskov-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија го осудува убиството на лидерот на Хезболах Хасан Насрула и израелскиот напад врз Либан и верува дека тоа доведе до значителна дестабилизација на регионот на Блискиот Исток, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.



„Руската страна ги осудува сличните акции. Сметаме дека тие доведоа до значително дестабилизација на ситуацијата во регионот“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање, пренесува РИА Новости.

Песков изјави дека неселективното бомбардирање на станбени области во Либан доведува до огромен број жртви, што ќе резултира со хуманитарната катастрофа што ја гледаме во Газа, пренесува Танјуг.

Од минатата недела, израелските воздухопловни сили вршат масовни напади врз цели на Хезболах во Либан, пишува медиумот.

Израелски авиони извршија и неколку целни воздушни напади врз Бејрут, во кои беше убиен и лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK