Песков: „Мајдан“ беше насилен пуч спонзориран од странство

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Говорејќи за протестите и насилството пред 10 години на плоштадот Мајдан во Киев, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека станува збор за насилен државен удар во Украина кој бил спонзориран од странство.



„Ние го нарекуваме „Мајдан“, но всушност тоа беше државен удар, насилен пуч кој беше спонзориран од странство. Работите мораме да ги наречеме со вистинското име“, изјави Песков за новинарите, пренесува РИА Новости.

Според него, претставниците на странските земји го препознале и фактот дека „Мајдан“ бил спонзориран од странство директно и индиректно, „што исто така не е тајна“.

„Најважно ни е да ги постигнеме нашите цели и за таа цел продолжува специјалната воена операција“, заклучи Песков.

Пред 10 години, на 21 ноември 2013 година, на плоштадот Мајдан во Киев започнаа протести кои доведоа до државен удар.

Повод за масовните протести беше одлуката на Владата да го прекине потпишувањето на пристапниот договор во ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK