– Кремљ денеска го обвини Киев дека го користи поморскиот коридор во Црно Море, претходно наменет за извоз на украинско жито, „за воени цели“, неколку часа откако Русија се повлече од клучниот договор за храна.
-Тоа веќе не е никаква тајна, јасен е фактот дека оваа област режимот во Киев ја користи за воени цели, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Ова е многу важен аспект што исто така не треба да се заборави“, додаде тој.
Песков додаде дека „во отсуство на соодветни безбедносни гаранции, се јавуваат одредени ризици“.