Пензиониран полковник на американската армија оддавал државни тајни преку страница за запознавање

фа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пензиониран полковник на американската армија во Небраска е обвинет за испраќање доверливи информации преку страница за запознавање и денеска ќе се појави на суд, јавува Би-Би-Си.


Дејвид Френклин Слејтер (63), уапсен во саботата, до 2022 година бил вработен во Стратешката команда – Стратком, која го надгледува американскиот арсенал на нуклеарни ракети.

Тој беше обвинет дека незаконски испраќал документи кои „може да се искористат за да им нанесат штета на САД“.

Слејтер е обвинет за заговор и две точки за неовластено откривање информации за националната одбрана и се соочува со затворска казна до 10 години.

Во обвинението пишува дека Слејтер ги проследил информациите што ги дознал од доверливите брифинзи на Стратком, кои се однесуваат на руската воена операција во Украина.

Тој ги испраќал податоците на лице за кое верувал дека е жена во Украина.

За време на преписката, тој често добивал прашања за тајните на американската национална одбрана, велат обвинителите.

Би-би-си пренесува дека една од пораките, со датум од 11 март, гласи: „Драги, што се прикажува на екраните во приватната соба?? Многу интересно“.

На 23 март на Слејтер му беше поставено прашање за некоја земја, но тој дел во обвинението беше преработен, па не е јасно за која земја се однесуваше прашањето.

“Ти си мојот таен агент. Со љубов”, му рекол контактот откако одговорил.

„Драг мој Дејв, благодарам за вредните информации“ и „ти си мојот таен доушник, љубов“, гласат другите пораки.

Во документите не пишува со кого контактирал Слејтер, ниту пак името на страницата за запознавање.

Случајот го истражуваа ФБИ и Канцеларијата за специјални истраги на воздухопловните сили на САД.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK