Папата Франциско ги откажа сите активности поради блага настинка, соопшти денеска Ватикан.
Според извештаите, папата ја донел оваа одлука како мерка на претпазливост, пред неговата планирана посета на Луксембург и Белгија на крајот на оваа недела, пренесува Ројтерс.
На почетокот на оваа година Папата веќе ги откажа своите активности поради настинка и бронхитис, а за време на двонеделната посета на Југоисточна Азија и Океанија беше во добра здравствена состојба – присуствуваше на повеќе од 40 настани и помина речиси 33.000 километри. .