Сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес, жена од Тетово со тешки повреди пренесена во болница

Вработена-во-болницата-во-Тетово-неовластено-снимала-пациентка-хоспитализирана-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 12.00 часот на автопатот Скопје – Велес, на клучка Идризово, патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 56-годишната Ѓ.И. од Тетово, излетало од коловозот, извести МВР.



„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ѓ.И. а со телесни повреди сопатничката Р.К.(37) од Градско, констатирани во Клиничка болница Тетово“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK